Мостот, појасни ќе биде како постоечкиот, кој беше срушен од безбедносни причини пред пет години. Надворешните страни, истакна Села, ќе бидат метални и ќе бидат исти со страните на Мостот на Поезијата и на Чаршискиот, по нивната реконструкција. Подготвителните активности на терен, најави дека ќе почнат наредната недела, а дрвените делови веќе шест месеци се изработувале во Австрија.

Струшкиот градоначалник истакна дека почната е постапка и за уредување на шеталиштето, односно западниот брег на реката Црн Дрим и на двата кеја.

– Ќе имаме добро уредено централно подрачје. Лани го уредивме шеталиштето покрај кејот од едната страна на Дрим, а сега ќе се прави на другата страна. Презмемаме мерки да го уредиме и пропаднатиот дел од коритото на реката Црн Дрим, иако тоа не е наша надлежнпст. Имаме одговорност пред граѓаните и многу ни е важно да не настрада некој, рече Села.


По пет години од рушењето дрвениот мост во Струга повторно ќе се гради

Донаторот Менди Ќура истакна дека мостот ќе биде поставен до крајот на ноември, за што ќе бидат инвестирани околу 150.000 евра. – Ќе интервенираме со железо на бочните страни од мостот да се синхронизира со другите два моста лево и десно. Ќе ја вратиме убавината што беше одземена пред пет години, изјави Ќура.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2016 23:19