„Старата дама“ со погодоците на Дани Алвес и Леонардо Бонучи го одбрани трофејот во Купот.

Ова на Јувентус му е 12-ти Куп на Италија во историјата, како и прв од можните три трофеи во оваа сезона.

„Старата дама“ има четири бода повеќе од Рома на две кола пред крајот на Серија А, а на трети јуни ќе игра во финалето на Лигата на шампионите со Јувентус.

Во многу отворениот натпревар во Рим и домаќинот имаше доста шанси за гол, но Кејта, Имобиле, Милинковиќ-Савиќ и Андерсон не успеаја да го совладаат Бразилецот Нето.

Јувентус поведе во 12-тата минута со погодокот на Алвес во левата страна на голот по додавањето на Сандро, а Бонучи ја удвои предноста уште во 24-тата минута по новиот центаршут на Сандро.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2017 13:00