Оваа сезона за Аргентинецот беше лоша на екипно, но не и на индивидуално ниво.

Лионел Меси, фудбалерот на Барселона, е најдобар стрелец на Европа за сезоната 2016/17 и со 37 постигнати голови ја освои престижната награда Златна копачка.

Меси беше двократен стрелец во последното коло на Примера лигата во победата на неговиот тим над Еибар и сега е убедливо најдобриот стрелец на Стариот континент.

Зад него се наоѓа Бас Дост, фудбалерот на Спортинг од Лисабон, кој постигна 34 погодоци, а потоа следуваат Пјер-Емерик Обамејанг со 31, Роберт Левандовски со 30 и Хари Кејн со 29 голови.

Меси оваа награда веќе ја освои и во 2010, 2012 и во 2013 година.

Аргентинецот оваа година со клубот не ги освои ниту шпанското национално првенство ниту Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2017 13:38