Аргентинскиот фудбалер Матео Мусакио ќе биде прво засилување во Милан во летниот преоден рок.
Стоперот на Вилјареал ги помина лекарските прегледи коишто го делеа од потпишувањето на четиригодишен договор за познатиот клуб од „Сан Сиро“, објави официјалниот телевизиски канал на „росонерите“.
Италијанските медиуми пренесоа дека Милан за трансферот на Мусакио издвоил 18 милиони евра.
Тој дури осум сезони помина во Вилјареал и беше столб на одбраната, откако стигна од Ривер плате.
За репрезентацијата на Аргентина одигра шест натпревари.