Нуну Ешпириту Санту, тренерот на Порто, договорно ја раскина соработката со повеќекратниот шампион на Португалија, потврдено е на официјалната интернет-страница на клубот.

Четириесет и тригодишниот стручњак во јуни минатата година е именуван за тренер на Порто, но раководството на клубот не било задоволно од неговата работа и од освоеното второ место во шампионатот.

Пред да дојде во клубот во кој во 2010 година ја заврши играчката кариера, Ешпирито Санто сезоната 2014/15 ја помина во Валенсија, а тренерската кариера ја почна во Рио Аве (2012-2014).

Сè уште не се знае кој ќе го наследи на клупата.

Порто 27 пати беше шампион на Португалија, последен пат во 2013 година. Изминатите четири сезони Бенфика е неприкосновена.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2017 14:10