На натпреварот меѓу Лацио и Интер (1-3) на стадионот „Олимпико“ во Рим навивачите на Лацио истакнаа транспарент упатен кон капитенот на Рома – Непријател засекогаш. Го поздравуваме Франческо Тоти.
А потоа следуваше објавата:
„Беше шести март 1994 година кога се сретнавме прв пат. Влезе на местото на Џовани Пјакентини и изнуди пенал кој Џузепе Џанини не го погоди. Беше толку млад, а знаеше како да ја претставуваш историјата на својот клуб, на фантастичен начин. Историјата на пеналите и пропуштените шанси. Од тој момент, рушеше рекорд по рекорд, стадионите во Италија те отпоздравуваа, а ти мислеше на маиците и на рекламите на Сан Ремо (провокација на Тоти за „лацијалите“).
За тоа време Лацио ги освои: Скудетото, Купот на победниците на куповите, Суперкупот на Европа, четири пати Купот на Италија и три пати Суперкупот на Италија. Колку трофеи можеше да освоиш да играше за Реал Мадрид, никогаш нема да дознаеме. Ти си единствениот шампион кого не можевме да го купиме.
Без тебе мораше да се задоволат со четири пехари на Светското клупско првенство, пет на Лигата на шампионите, три на Суперкупот на Европа, со седум шампионски титули во Шпанија, три титули на Кралскиот куп и шест на Суперкупот. Не многу за играч со таков талент како што си ти.
Во секој случај, а посебно во ова време, постигна цел која заслужува почитување. Почитување кое не си го добил ниту од твојот клуб, ниту од твоите навивачи. Поради тоа, ова го кажуваме искрено, нам ни е жал. Ние никогаш не би дозволиле наш играч некој да го третира како што те третираат тебе. Никогаш со молчење не би набљудувале да ти го прават ова што ти го прават.
Никој не те брани сега, па не можеме ниту ние. Нема да те мразиме без оглед на шегите коишто ги правеше на наша сметка. Било, поминало. Во Рим сме, знаеме како функционираат работите овде.
Во секој случај, заслужи да ти стиснеме рака, како противник кој, по сите овие години, го напушта теренот како наш најдобар непријател“, се вели во писмото кое беше објавено на социјалните мрежи.