„Сините“ ја освоија титулата во Премиер лигата, а до големиот успех ги водеше италијанскиот стручњак Антонио Конте.
Иако малку кој веруваше дека поранешниот тренер на Јувентус и селектор на италијанската репрезентација може да направи таков подвиг уште во неговата прва сезона во клубот, тој успеа.
На доминантен начин неговата чета по ред ги совладуваше противниците, прва се на табелата уште од 11-ти декември минатата година, што доволно кажува колку се заслужни да го освојат трофејот.
Конте во претходните четири сезони во коишто работеше на клупско ниво (во меѓувреме беше и селектор на италијанската репрезентација), освои четири национални шампионски титули (три во Италија, една во Англија).
Италијанецот во својата прва сезона на клупата на „сините“ го собори и рекордот на Жозе Мурињо стар повеќе од десет години – со Челзи дојде до 30 победи во една сезона.