Икер Касиљас можно е да стане нов играч на премиерлигашот Ливерпул, откако на крајот од сезоната ќе му истече договорот со Порто.

Како што пренесува шпанскиот медиум „АС“, легендата на Реал Мадрид и на шпанскиот фудбал добил неколку понуди и една од нив била и од менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Оваа сезона на голот на Ливерпул беа Симон Мињоле и Лорис Кариус, а ниту еден од двајцата во континуитет немаше добри одбрани.

Триесет и шест годишниот Касиљас во својата досегашна кариера има три титули во Лигата на шампионите, пет во шпанската лига, две европски титули со Шпанија и една од Светско првенство.

Касиљас има досега добиено понуди од Турција, Кина и Катар. За евентуалниот трансфер во Ливерпул да се реализира поволна можност е тоа што „црвените“ го освоија четвртото место сезонава и ќе играат во баражот за пласман во Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2017 21:16