Реал Мадрид се согласил да ѝ го продаде Алваро Мората на екипата на Милан, пренесуваат италијанските медиуми.

„Газета дело спорт“ пишува дека Мората ги одбил понудите на Челзи и на Манчестер јунајтед и ја прифатил таа на Милан од 7,5 милиони евра по сезона.

Реал летоска го врати Мората од Јувентус за 30 милиони евра, десет повеќе отколку што ѝ го продаде на „старата дама“ пред две години, но не го најде неговото место во тимот на Зинедин Зидан.

Шпанскиот репрезентативец постигна 20 голови на 42 натпревари, а Милан наводно за трансферот ќе плати 60 милиони евра.

Мората ќе биде второ засилување на „росонерите“ за следната сезона, по стоперот Матео Мусаки од Вилјареал.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2017 08:11