Даниеле де Роси, играчот за врска на Рома, го продолжи договорот до 2019 година, објави италијанскиот клуб.
Де Роси, кој од следната сезона ќе ја носи капитенската лента по заминувањето на легендарниот Франческо Тоти, одлучил да стави потпис на нов договор со матичниот клуб и да ги одбие богатите понуди од Интер и од САД.
Искусниот 33-годишен фудбалер, производ на младинската школа на Рома, за првиот тим на „волчицата“ од 2001 година одигра 561 натпревар и даде 59 голови.
Де Роси и понатаму го чека Скудетото, само по трите трофеи со Рома – два на Купот на Италија и еден на Суперкупот.
Беше дел од тимот на селекцијата на Италија која стана светски шампион на Мундијалот во Германија 2006 година.