Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев очекува два исклучително тешки натпревари против Турција и Шпанија. Тој ја повикува публиката да биде 12. играч и да им даде мотив повеќе на претстојните дуели.

– На мене, а и на соиграчите секогаш ни е најдраго кога играме против најдобрите. Турција е многу силна репрезентација, доаѓаат во полн состав, но сигурно нема да се браниме. Мораме да држиме ритам во текот на сите 90 минути и да бидеме фокусирани. Атмосферата е одлична, многу позитивна и сите со нетрпение го чекаме почетокот на мечот. Очекуваме голема поддршка од трибините. Сите ние чувствуваме посебна енергија кога играме за репрезентацијата, таа поврзаност е многу силна и кај Турција, но фудбалот се игра на тревникот. После химната, нема замор. Одиме да се надигруваме, изјави Пандев.

Дуелот со Турција е закажан за в понеделник на 5 јуни во 19:45 на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2017 13:49