Изминатата сезона Лигата на шампионите го собори рекордот за ефикасност со 380 голови, односно 3,04 по натпревар.
Претходниот рекорд беше 2,94 голови по натпревар во сезоната 2012/13.
Најдобар стрелец на натпреварувањето беше Кристијано Роналдо со 12 погодоци во сезоната, еден повеќе од Лионел Меси од Барселона. Напаѓачот на Реал Мадрид по шести пат беше најдобар голгетер на натпреварувањето, со што стана рекордер по Лионел Меси со пет.
Роналдо во текот на сезоната стана прв фудбалер во историјата кој постигнал сто погодоци во Лигата на шампионите, а моментно има 105. Реал стана прв тим кој ја одбранил титулата од основањето на Лигата на шампионите, 12-ти пат стана најдобар во Европа, а е прв клуб кој постигнал 500 голови во натпреварувањето.
Јувентус е поразен петти пат во низа во финалињата, со што се изедначи со Бенфика.