Во првото тримесечје од годинава не е забележан раст на бруто-домашниот производ, објави Државниот завод за статистика. Оттаму попладнево соопштија дека стапката на раст на БДП за првото тримесечје од 2017 година е 0.0 проценти.

Најголем пораст е забележан во секторите Информации и комуникации од 5,5 проценти, потоа во Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 2,1 процент и во Земјоделство, шумарство и рибарство од 1,1 процент.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2017 година, номинално растела за 3,1 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесувало 64,3 проценти.

Извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 12,1 процент, а увозот на стоки и на услуги бележи зголемување во номинален износ од 13,6 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2017 11:53