Бројот на туристите во април годинава во Македонија изнесува 68.047, а на ноќевањата 140.081, што во однос на април лани е зголемување за 18,4 проценти, односно за 18,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во април годинава споредено со април лани е зголемен за 15,8 проценти, а на странските за 19,6 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 15 проценти на бројот на ноќевањата, а на странските туристи за 21,1 процент. Најмногу туристи имало од Турција, Грција, Бугарија, Србија, азиските држави, како и од Германија, Хрватска, Косово, Албанија,…

Статистичките податоци покажуваат дека во периодот јануари – април годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10,7 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 9,4 проценти, а кај странските за 11,4 проценти. Во периодот јануари – април годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9,8 проценти, при што кај домашните туристи има зголемување за 3,4 проценти, а кај странските за 14,6 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2017 13:36