Македонските претставници во второ по квалитет клупско фудбалско натпреварување – Лига Европа, денеска по извлекувањето во Нион ги дознаа своите ривали за првото квалификациско коло.
Работнички беше единствен носител од македонските клубови и доби полесен противник, а тоа е Тре Пене од Сан Марино.
Работнички ќе биде домаќин на првиот меч на 29 јуни, а по седум дена ќе гостува во Сан Марино.
Шкендија ќе игра против молдавскиот тим Дачија, прво на гостински терен на 29 јуни, а по седум дена (6 јули) на реваншот ќе биде домаќин.
Пелистер според имињата на противниците доби најтежок ривал. Битолчани ќе играат со Лех Познањ во Полска на 29 јуни, а потоа на свој терен на 6 јули.