Фабио Коентрао се враќа во Португалија, поточно во Спортинг Лисабон чиј дрес ќе го носи следната сезона.
Поранешниот фудбалер на Бенфика кој во Реал Мадрид прејде за 35 милиони евра сега се враќа во редовите на најголемиот градски ривал.
Коентрао ги мина лекарските прегледи и во Спортинг доаѓа на едногодишна позајмица по што во клубот најверојатно ќе остане како слободен играч затоа што на крајот на сезоната му завршува договорот со Реал Мадрид.
Левиот бек повторно ќе соработува со Хорхе Хезус кој му беше тренер и во Бенфика.