Екипата на Бока јуниорс ја освои 32-ата титула шампион на Аргентина во клупската историја на две кола пред крајот на првенството.

На гигантот од Буенос Аирес шампионското славење му го овозможи Сан Лоренцо со триумфот над второпласираниот Банфилд од 1-0 со голот на Белуши во првиот натпревар од претпоследното коло по што Бока има пет бодови предност.

Екипата предводена од Барос Скелото загуби само три натпревари сезонава во аргентинската Примера и го намали заостанувањето зад најголемиот ривал Ривер плате на само четири титули.

Ова е прва титула за Бока по две години откако минатата сезона шампион беше Ланус. И за Скелото како тренер, кој е поранешен играч на Бока, ова е прв трофеј. Како фудбалер ја има освоено шампионската титула во домашното првенство, Јужна Америка и светската титула.

Фанатичните навивачи на Бока знаеја како да ја прослават титулата на нивниот легендарен стадион „Бонбониера“, и од нивното скокање и веселба ѕидовите на прочуениот стадион се мрдаа, што може да се види на видеоснимките.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2017 13:42