Пазарите позитивно ја перципираат стабилизацијата на политичката состојба во Македонија и перспективите за македонската економија, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).

Според МФ, показател за тоа е намалувањето на стапката на принос на македонските еврообврзници кои се тргуваат на меѓународните финансиски пазари.

- Од средината на мај, приносите на сите три еврообврзници бележат постојано намалување. Стапката на принос на последната еврообврзница што доспева во 2023 година, до средината на мај постојано беше над 4,5 отсто, а денеска е сведена на 3,9 проценти што е историски најниско ниво за оваа еврообврзница, стои во наведува Министерството за финансии.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2017 14:04