Еден од можните кандидати за премиер на Косово Рамуш Харадинај тврди дека обезбедил мнозинство од 61 пратеник за формирање влада.
Тој истакна дека не станува збор за трговија со пратеници и оти се е засновано на „почитување на слободната волја“.
– Ситуацијата не е онаква како што се презентира во медиумите. Во овој случај јас се претставувам себеси, Алијансата и коалицијата. Тоа значи дека имам право да преговарам и пратиите кои преговараат со мене, немаат причина да преговараат со некој друг, ја пренесува „коха“ изјавата на Харадинај.