Со низа проблеми, пукање од огнено оружје на избирачко место, поткуп на гласачи, фотографирање гласачко ливче, до повекување на членови на избирачки одбори, се одвиваат парламентарните избори во Албанија.
Опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша соопшти дека ги повлекла своите членови од 30 избирачки места во Лушња и Дивјак, каде според локланиот партиски лидер во Лушња, Мислим Муризи на избирачките места има присуство на лица кои вршат притисок врз граѓаните за кого да гласаат.
За тоа реагираше пратеникот од Социјалистичката партија, Ерион Браче, кој рече дека „опозицијата се обидува да го блокира изборниот процес“ при тоа најавувајќи дека „членовите на избирачките одбори кои се повлекле ќе бидат кривично гонети“.
Инцидент е евидентиран и во Ебасан, каде неколку лица физички го нападнле набљудувачот на Социјалситичката партија, Арбен Керчуку, кој е пренесен во градската болница.
Евидентирани се повеќе случаи на поткуп на гласачи, поради што приведени се најмалку десет лица, додека најтежок инцидент е регистриран во пристанишниот град Шнѓин. Активист на Движењето за социјалистичка интеграција бил нападнат од десеттина лица пред избирачко место. Дел од албанските медиуми јавија дека е пукано врз него, но оти е вон животна опасност.
Поранешниот лидер на партијата, претседател на Парламентот во заминување и новоизбран претседател на државата, Илир Мета поради инцидентот се упатил во овој град.
– Бандите со дрога не може да ја држат Албанија во заложништво, истакна Мета пред заминување за Лежа.