Левата калициија „За Албанија која ја сакаме“ предводена од социјалистите на Еди Рама е победник на вчерашните парламентарни избори во Албанија, потврдуваат првичните неофицијални реултати.

Коалицијата освоила 49,62 отсто од гласовите и обезбедила 76 пратенички мандати во 140-члениот Парламент.

Веднаш зад неа е коалицијата на десницата „Нова Република“ предводена од демократите на Љуљзим Баша, со 28.56 отсто од гласовите или 41-но пратеничко место.

Партијата Движење за социјалистичка интеграција (ЛСИ) на Петрит Васили (екс лидер Илир Мета) обезбедила 20 пратенички места со освоени 14,95 отсто од гласовите.

Два пратенка има партијата за правда и единство (ПДИУ) и еден пратеник Социјал демократската партија.

На својот профил на Фејсбук Рама утрово напиша „75+ ремек дело на граѓаните“.

Инаку, на вчерашните избори забележана е најниска излезност до сега. Од вкупно запшаните 3.451.896 албански граѓани ,гласачкото право го оствариле 45,17 отсто. На последните парламентарн избори, пред четири години одѕивот на гласачите бил 53 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2017 13:30