Од наредната сезона во Италијанското фудбалско првенство ќе биде применувана видео техологијата како асистенција на арбитрите.

Помошта која фудбалските судии ја имаа од таканаречената „ВАР“ технологија која успешно се применување на младинските шампионати до 20 и 21 година, како и Купот на Конфедерации во Русија се покажа од голема помош за арбитрите.

Судиите на „чизмата“ често се на удар поради носење на лоши одлуки, па така, видео технологијата се очекува да го намали притисокот врз нив.

Токму затоа раководството на Серија А објави дека веќе од претстојната сезона и во Калчо лигата ќе биде применувана видео технологија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2017 10:45