Грчката крајбрежна стража денеска пукала во турски товарен брод во Егејското Море во близина на Родос како знак на предупредување.

Товарниот брод пренесувал челик од Искендерум до Измит кога грчката крајбрежна стража го повикала да го промени курсот кон Родос, објави турскиот весник Дејли сабах.

Капетанот изјави дека бродот има најмалку 16 дупки од куршуми, но членовите на екипажот не се повредени и покрај ризокот.

Бродот пловел во меѓународни води, а неговиот капетан одговорил дека нема да следи директиви и ја известил турската крајбрежна стража за инцидентот.

Откако товарниот брод не реагирал на барањето, грчката крајбрежна стража отворила оган првично во здих, а потоа и кон бродот. МНР на Турција соопшти дека е во контакт со надлежните власти во Грција.

Во таа област се испратени и два брода на турската крајбрежна стража.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2017 22:40