На крајот на првата половина од годинава прибрани се даночни приходи за 3,16 проценти помалку од предвиденото, информираше денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Таа изрази уверување дека крајот на годината тоа ќе се корегира и оти ќе излезат со одлични резултати.

Според неа за пофалба е што кај придонесите е забележана наплата за 3 проценти повисока во однос на претходните години.

Одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, рече дека помалата наплата на даноците се должи на лошата економска систуација, вакуумот што се создаде до формирање на новата Влада.

- Ова не е ништо трагично, сепак сакаме да работиме во интерес на граѓаните и полнење на државната каса за да биде подобро живеењето на сите луѓе во РМ, истакна Лукаревска.

За повратот на ДДВ посочи дека е направен во два наврати. - Правиме максимални напори за да фатиме еден континуитет во поглед на враќање на ДДВ, рече Лукаревска.

Во однос на најавениот проект за враќање на 15 проценти од Данокот на додадена вредност на граѓаните рече дека се прават анализи и оти очекува да стартува во 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2017 19:38