Против Здравко Мамиќ, некогашниот прв човек на Динамо од Загреб, покренато е ново обвинение поради сомнение дека од клубот извлекол неколку десетици милиони евра.

Хрватската канцеларија за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) покрај Мамиќ, покренала обвинение и против неговиот брат Зоран, синот Марио, како и против неколкумина други луѓе.

Тие се обвинети поради сомнение дека во периодот од 2004 до 2015 година на сметки на странски компании уплатувале износи од најмалку 18,8 милиони евра, 500 илјади фунти и 200 илјади долари.

Како што се наведува во соопштението на УСКОК, тие преку компании од Швајцарија, Велика Британија, Сент Винсент-и-Гренадини, Белисе, Хонг Конг и Соединетите Арапски Емирати вршеле нелегални работи, склучувале договори за преземање непостоечки долгови на Динамо кон играчите при трансфери.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2017 09:44