Брисел сака државите од Западен Балкан да станат членки на Европската унија, а една од главните причини е младите луѓе да се задржат во своите држави и да не ги напуштаат, порача денеска во Трст европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.
Зборувајќи на самитот на лидери на западнобалканската шесторка Хан рече дека тоа би ги намалило тензиите од минатото.
– Задача на политиката е да обезбеди рамки додека одговорноста за економско поврзување е на бизнис заедницата.
Хан додаде дека размената меѓу ЕУ и држави од регионот била 44 милијарди евра во изминатите 10 години.
– Овде сме да видиме што досега е направено во рамки на Берлинскиот процес како и да утврдиме понатамошни задачи. Тоа на што мораме да работиме е младите да останат во регионот. Тоа е начин да се симнат сите тензии од минатото и да се креираат услови за нивно останување, изјави тој.