Со потпишување на Договорот за Транспортна заедница вечерва во Трст заврши 4. Самит на лидерите на Западен Балкан, кој се организира во рамките на Берлинскиот процес.

Главна порака од Самитот е зајакнување на регионалната соработка односно поврзување на Западен Балкан, како клучен елемент за забрзување на европските интегративни процеси на регионот, зајакнување на економската соработка, пред се во областа на мали и средни компании, ИТ секторот, науката и друго.

Германската канцеларка Ангела Меркел претходно изјави дека должност на Европската унија е да го приближи регионот „бавно, но сигурно“ во правец на членство на ЕУ.

– Политичката стабилност во регионот значи политичка стабилност и за нас. Ние тоа го знаеме од искуство, посочи Меркел.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2017 02:28