Преговорите за членство на Македонија во НАТО значително се забрзани и се очекува да бидат завршени за три до четири месеци, во текот на оваа есен, тврди руската агенција „Спутник“, повикувајќи се на европски дипломатски извор.
– Прашањето за избор на времено име на Македонија и нејзино членство во НАТО би можеле да бидат решени за три или четири месеци, изјавил дипломатскиот извор за „Спутник“.
Тој нагласил дека „преговорите се значително забрзани и се очекува да бидат завршени оваа есен“, а „прашањето за пристапување на Скопје кон Алијансата ќе биде истовремено решено“.
Според истиот извор, „САД ги забрзале преговорите“.