Владиниот економски тим предводен од премиерот Зоран Заев денеска ќе има средба со членови на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ).

Целта на средбата, соопшти СКСЗМ, е дискусија околу сите отворени прашања и нивно надминување за создавање подобра деловна клима и еднакви можности за сите на пазарот.

Средбата ја организира Комората и ќе се одржи во нејзините простории, а учесниците ќе разговараат за економските политики и мерки предвидени во владината програма и проблемите со кои се соочува бизнис заедницата.

Воведен говор ќе има извршниот директор на СКСЗМ Дрилон Исени, по што ќе се обратат премиерот Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Комората Неби Хоџа.

На средбата е најавено присуство и на министрите за транспорт и врски, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за животна средина и просторно планирање.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2017 10:49