Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ ја посети фабриката „Ариљеметал“ каде го запозна менаџментот со мерките што Владата ги планира за идните инвеститори и за изедначување на домашните со странските инвеститори.
Посетата на фабриката е реализирана вчера, а од страна на менаџментот министерот Шапуриќ бил информиран за работењето и производствениот процес, како и за инвестициите што компанијата ги реализирала во Србија и Бугарија.
– Притоа, менаџментот на компанијата ги изнесе своите идни планови за инвестиција и развој во производствениот процес во Република Македонија, но и проблемите со кои се соочуваат при своето работење и непречено реализирање на зацртаните планови, се наведува во денешното соопштение од Кабинетот на министерот Шапуриќ.