Владата попладнево ќе ја одржи својата седумнаесетта седница, со почеток во 15 часот, информираат оттаму. На седницата ќе се разгледа ребалансот на буџетот за кој заврши комисиската расправа.
„Дневниот ред за денешната седница предвидува Владата да ја разгледа и информацијата на Министерството за финансии за статусот на проектот „Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на персонален данок на доход за граѓаните“, кој го води Управата за јавни приходи“, информираат од Влада.
На денешниот дневен ред пред министрите ќе се најдат и неколку предлози за кадровски решенија, а исто така ќе бидат разгледани и дополнителни предлози и прашања.