Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска порача дека опозицијата може слободно „да се окрупнува“, но дека ќе губи се додека тој самиот не се тргне од политиката.

Тие, како што вели, „се окрупнуваат“ под мотото „не можеме да победиме, ајде сите да се собереме на купче, па сите ние, недоволно силни, ќе станеме многу посилни“.

- Тоа е како кога ќе се соберат пред стадион, па ќе наиде некој многу похрабар и посилен и никој не ќе смее ништо да направи, но кога ќе се соберат десетмина и тој падне на земја, тие почнуваат да го удираат. Јас со тоа немам проблем, ни со нив 10, а ни со 20, нити имаат идеја, енергија, нити сила, а ако сакате ни образование колку што јас имам, рече Вучиќ во одговор на прашање од новинар.

Вучиќ уште додаде дека доколку народот одлучи поинаку, па на некои избори, за разлика од нив, кои во поразот биле некултурни и невоспитани, тој ќе честита.

Српскиот претседател напомена дека тој секогаш е подготвен да разговара, без разлика на тоа што сите зборуваат за него и неговото семејство, но, истакнува, нема никому да се додворува и ласка, а тоа да не го мисли, бидејќи не е лажго.

- А не можат ни да ме плашат со што било. Тој филм нема да го гледате...Како ни 'шутирањето на десетмината’, подвлече српскиот претседател.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2017 19:03