Пентагон изјави дека пресретнал истрелување на балистичка ракета од Северна Кореја.
- Можам да потврдам дека ние пресретнавме истрелување на балистичка ракета од Северна Кореја, изјави портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис.
- Правиме проценка на ситуацијата и ќе имаме повеќе информации наскоро, додаде тој.
Лансирањето се случува неколку недели откако на 4 јули Пјонгјанг изврши тестирање на интерконтинентална балистичка ракета.
Новата ракета била истрелана денеска околу 14,45 часот, по Гринич.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе потврди дека Северна Кореја повторно истрелала балистичка ракета и изјави дека најверојатно таа паднала во водите на ексклузивната јапонска економска зона во Јапонското Море. Тој свика седница на јапонскиот Национален совет за безбедност во врска со ракетниот тест.
Главниот секретар на јапонската влада Јошихиде Суга изјави дека ракетата летала околу 45 минути. Тој додаде дека истрелувањето на ракетата е неприфатливо и е јасно прекршување на резолуциите на ОН. Суга додаде дека Јапонија остро протестира против ракетното лансирање.
Јужнокорејската армија исто така потврди дека Северна Кореја извршила ракетен тест, а јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин свика итен состанок на својот тим за национална безбедност.