Спортскиот риболовец од Кичево, Миле Алексоски, во близината на селото Самоков, деновиве улови капитален примерок на речна пастрмка, со тежина од близу 5 килограми.
- Ова не е рибарска шега, тука вистински настан што го посакува секој рибар. Знаев дека се работи за крупна риба кога го почувствував силниот удар на блинкерот, кој се повтори по неколку секунди. По неколкуминутна борба пастрмката ја извлеков на суво. Тоа беше прекрасен примерок на автохтона речна пастрмка salmo makedonikus, со должина од 74 сантиметри и со тежина од 4.730 килограми. Се смета дека оваа риба е стара околу 15 години, според процените на ихтиолозите - вели Алексоски.
Извор: Нова Македонија