Возачите на Ферари ги освоија првите две места на денешната трка за Големата награда на Унгарија што се возеше на патеката Хунгароринг. Прв целта ја мина Себастијан Ветел, кој ја имаше и пол позицијата и не дозволи во ниту еден момент да биде симнат од првата позиција. Второто место му припадна на Кими Раиконен, додека трет беше Валтери Ботас од Мерцедес.

За Ветел ова беше четврта победа сезонава или вкупно 46.та во кариерата.

Луис Хамилтон трката ја заврши како четвртопласиран, па така сега Фетел ја зголеми разликата во генералниот пласман.

Ветел води во генералниот пласман со 202 бода, Хамилтон има 188, а Ботас 169. Кај конструкторите Мерцедес е прв со 357 бодови, пред Ферари со 318.

Следната трка се вози по летната пауза на 27 август за Големата награда на Белгија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2017 16:03