Српската православна црква соопшти денеска дека на македонска државна делегација нема да и биде одобрена посета на манастирот Прохор Пчињски, „поради веќе добро познати причини“, јави Танјуг.

- По повод барањето официјална државна делегација на Република Макеронија на празникот Свети пророк Илија да го посети манастирот Свети Прохор Пчињски со своја програма и пораки, Информативната служба на СПЦ ја известува јавноста дека надлежниот црковен орган, поради причини кои се добро познати, а не се променети со години, не одобри посета на државната делегација на РМ на манастирот, се вели во соопштение од СПЦ.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2017 18:26