Владата на Република Македонија синоќа на 19-тата седница го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата и со тоа ја започна законската процедура за зголемување на минималната плата на ниво од 12.000 денари.

Ќе се овозможи исплаќање на иста висина на минимална плата за сите вработени во Република Македонија кои примаат минимална плата, а ќе се обезбеди и финансиска поддршка за фирмите од Буџетот на Република Македонија за да ја исплаќаат договорената повисока минимална плата.

Како што соопшти владината прес-служба, усвоените измени на предлог-законот во текот на денов Владата ќе ги достави до Собранието на Република Македонија на разгледување и усвојување.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2017 11:58