Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 146.245.756.000 денари и бележи пораст од 16.2% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 199.947.002.000 денари што е зголемување за 11.2% во споредба со првото полугодие лани, соопшти Државниот завод за стсистика.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 53 701.246.000, а покриеноста на увозот со извоз е 73.1%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-јуни 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.