Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека Србија и Република Српска во овој век ќе бидат заедно во територијална и државна смисла.

– Верувам дека во овој век српскиот народ поради страдањата во минатото ќе има право да биде заедно и тоа е сосема природно, истакна Додик во новосадската населба Ветерник на одбележување на Денот на сеќавањето на сите настрадани и протерани Срби во акцијата на хрватските воени сили „Бура“.

Додик нагласи дека „Србите мора да се осврнат кон животот, мора да направат се за да бидат заедно и помногубројни, мора повеќе да се работи и да се верува во Србија, во Република Српска и во српскиот народ“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2017 14:21