Владата на синоќешната седница им препорача на министерствата за транспорт и врски и за финансии, заедно со МЖ Транспорт А.Д. - Скопје да изнајдат решение за трајно надминување на финансиската состојба во петпријатието и покривање на загубите.
Како што соопшти владината прес-служба, Владата ги разгледа извештаите на ЈП МЖ Инфраструктура и на Македонски железници - Транспорт А.Д. - Скопје за работењето во првиот квартал од оваа година, а посебна точка на седницата беше барањето на Македонски железници - Транспорт А.Д. Скопје, Владата да донесе одлука за доделување финансиска помош за ова акционерско друштво за подобрување на финансиската состојба и покривање на загубите до крајот на годината.