Откупот и продажбата на земјоделски производи во второто тримесечје од 2017 година се зголемени за 11,8 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

При тоа, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 8,4 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство има зголемување за 30,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај житата, индустриските растенија, фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и рибата. Намалување на откупот и продажбата има кај градинарските растенија, млекото и млечните производи.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во сите три месеци од второто тримесечје.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2017 12:46