Со петте денешни натпревари ќе стартува плеј-оф фазата од фудбалската Лига на шампиони. Победниците од двомечевите ќе обезбедат настапи во групната фаза од елитното натпреварување.

Данскиот претставник Копенхаген кој во 3.коло го елиминира Вардар ќе му гостува на Карабаг. Овој дуел ќе почне во 18 часот.

Другите четири средби стартуваат во 20:45 часот. Двојките се:

АПОЕЛ (Кипар) – Славија Прага (Чешка),

Хофенхајм (Германија) – Ливерпул (Англија),

Спортинг (Португалија) – Стеауа (Романија),

Јанг Бојс (Швајцарија) – ЦСКА Москва (Русија).

Пет натпревари се закажани и за утре, а реваншите се по седум дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2017 15:53