Текстилната компанија „Тритекс“ го прошири својот производствен капацитет со изградба на нов погон во Прилеп. Фабриката се наоѓа во индустриската зона „Прилеп 1“ и се протега на површина од 4.000 метри квадратни. Во неа, како што посочија сопствениците, ќе има околу 300 нови вработувања.
„По повеќегодишна работа отворивме современ објект кој ќе започне да работи од понеделник“, посочи сопственикот на „Тритекс“, Дејан Наумоски.
„Тритекс“ е македонски бренд кој на пазарот опстојува 20 години. Компанијата е позната по производство на долна облека, изработена од памук.