Силни бури зафатија делови од Хрватска, а најтешка беше ситуацијата на Полуостровот Истра, каде ударите на ветрот достигаа и до 130 км/час, јави хрватскиот сајт Индекс.хр.
Бурата на Истра корнеше дрвја, откорна клупи и расфрла контејнери за ѓубре.
Првите претпоставки се дека штетите од невремето ќе бидат големи.