Грчките дипломати со загриженост ги следат случувањата на Балканот откако Србија го повлече целиот персонал од својата амбасада во Скопје и ја обвини Македонија за „офанзивни активности“ во очигледниот гнев поради подобрувањето на односите на нејзиниот сосед со Косово, поранешната српска покраина, пишува електронското издание на грчкиот весник „Катимерини“.
Весникот наведува дека спорот доаѓа откако Скопје почнало повторно да се обидува да ја заживее својата кандидатура за членство во ЕУ и НАТО, по периодот на политичката нестабилност во земјата.
– Премиерот Зоран Заев формираше коалициска влада во јуни речиси шест месеци по изборите. Грција инсистира на тоа спорот со „ПЈРМ“ во врска со нејзиното официјално име да се реши пред таа да се приклучи во меѓународните организации, пишува „Катимерини“.