Во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), лани недостасувале 21,2 милијарди денари што е трипати повеќе од 2005 година, кога трансферот од буџетот во овој Фонд изнесувал 7,7 милијарди денари, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

– Недостатокот на финансиски средства во Фондот на ПИОМ е огромен и ние ќе се трудиме да најдеме начин како да го надоместиме. Затоа ни е важно да имаме повисоки плати, а со тоа ќе добиеме и повисоки пензии. Колку ја зголемувате дупката во ПИОМ толку помалку внимавате за квалитетот на живот на пензионерите – рече Царовска.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2017 15:49