Поранешниот прв човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, денеска е ранет од огнено оружје пренесуваат хрватските портали. Според непотврдени информации Мамиќ со ранета нога е префрлен во Болница во Томиславград.
– Непознато лице од огнено оружје пукало врз Здравко Мамиќ. На местото на настанот се излезени полициски кои вршат увид, информираа од тамошната полиција.
Фудбалскиот клуб Динамо во соопштението наведе дека се работи за обид за убиство на Мамиќ кој се наоѓал во приватна посета во Томиславград.
Полицијата трага по две лица за кои има сознание дека побегнале од местото на настанот по ранувањето на Мамиќ.