Здравко Мамиќ, советникот на хрватсккиот фудбалски клуб Динамо, е ранет во нога кај селото Зидине во БиХ. Хрватскиот портал „Индекс“ пишува дека полицијата претпоставува дека се работи за куршум од снајперска пушка со пригушувач.

Според неофицијалните информации, полицијата се сомнева дека во Мамиќ пукал професионалец, а не аматер.

Полицијата претпоставува дека напаѓачот пешки дошол до местото на настанот се подготвил и го чекал Мамиќ. Тој во селото дошол во придружба на поголем број на членови на семејството и пријатели, а на гробот на неговиот татко.

Нападот се случил во попладневните часови, а Мамиќ бил пренесен во болница со прострелна рана во ногата и се наоѓа, надвор од животна опасност.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2017 18:01