После остварувањето на најголемиот успех во историјата на клубот, вардаровата експедиција составена од фудбалери, стручен штаб и раководство, околу 2:30 часот после полноќ, слета во Скопје. Вардарци беа пречекани од фанови на аеродромот „Александар Велики“, и беа дочекани со песни и со многу радосни лица кои што дојдоа да ги поздрават новите херои кои го направија најголемиот успех во клупскиот фудбал во Македонија со победата над Фенербахче.

„Фанови, Ви благодариме на поддршката и што во овие утрински часови не пречекавте во Скопје. Се гледаме во групната фаза од Лигата на Европа! Радувајте се на успехот и навивајте за Вардар. Сторивме се да ви приредиме незаборавна ноќ и незаборавни мигови“ истакнаа од ФК Вардар.

Еве низ неколку фотографии како беа дочекани „црвено-црните“ по враќањето од Истанбул:

Аеродром Александар Велики: Тебе те сакаме, тебе те бодриме, срцево мое за тебе...



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2017 09:36