Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија не ја менувала одлуката што се однесува на името под кое ја признава Македонија.

По средбата со пефот на македонската дипломатија Никола Димитров, Дачиќ посочи дека е неопходно двете земји да се однесуваат отворено и искрено.

– Нас не боли што ја признавме Македонија под уставното име, за што ни забележа Грција, која пак не го призна Косово, додека Македонија тоа го стори, истакна Дачиќ, потенцирајќи дека Косово било признато од страна на претходната Влада, а не од владиниот кабинет на Зоран Заев.

– Без оглед на се, ние не ја менувавме одлуката, рече Дачиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2017 17:05